Царинската управа на Република Македонија при контрола во четири угостителски објекти на територијата на Град Скопје откри незаконска продажба на алкохолни пијалоци.
Како што денеска соопшти Царинската управа, незаконската продажба на алкохолни пијалоци е откриена на 22-ри и 23-ти јули 2015 година при контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли во малопродажни и угостителски објекти кои вршат промет со акцизни добра.
Притоа, се подвлекува, привремено се задржани 37,5 литри ракија и околу 16 литри други жестоки алкохолни пијалоци за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност.