ВМРО-ДПМНЕ: Ски центарот Попова Шапка е во завршна фаза

Од:

Капиталниот проект- Ски центар Попова Шапка е во завршна фаза. По барање на инвеститорот ЕЛЕМ, целата документација е изготвена и чека на одобрување од Министерството за животна средина и просторно планирање,реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на ВМРО НП на која е побаран отчет за ветувањето дека ќе се гради ски центар на Попова Шапка.

„Изготвен е Мастер план за развој на Попова Шапка,изработена е физибилити студија,изработена е планска програма, спроведена е јавна анкета и јавна презентација, спроведена е постапка за стратешка оценка за влијанието врз животната среднина согласно Законот за животна средина,обезбедено е позтивно мислење по стратешката оценка за влијанието врз животната средина, државната урбанистичка докумнетција е во завршна фаза на одобрување за што се чека услови за планирање од Министерството за животна средина и просторно планирање, доставено е барање за планирање на услови на простор до Министерството за животна средина и просторно планирање, што е последен чекор за отпочнување на физичка реализација на проектот, пренаменети се 1200 хектари земјоделско во градежно земјиште“ ,стои во реакцијата.

Во реакцијата се додава дека планираните инвестиции за реализација на првата фаза кои АД ЕЛЕМ што ќе ги инвестира според Мастер план, студијата изнесува околу 30 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев