Седиштето на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Флорида доби нова зграда која претставува комбинација на впечатлив дизајн и одржлив инженеринг.
Зградата е дизајнирана со термални и воздушни бариери чија цел е да овозможи намалување на потрошувачката на енергија и на ресурси. Идејата била нејзиниот изглед да го презрентира „достоинството, моќта и стабилноста на Владата на САД“, а воедно и да се вклопува во околниот пејзаж.
Објектот, кој е со површина од 114.300 метри квадратни, е целосно изграден од изолирани прозорски единици, кои можат да одолеат на удари на експлозии и силни урагански ветришта. Изборот на стаклената фасада овозможува лесен влез на големо количество светлина во внатрешноста.
Покривот на зградата е прекриен со соларни панели кои придонесуваат за заштеда на енергија за 20 проценти.
Во фоајето на зградата е поставена скултура од дрво од кедар, висока седум метри, дело на Урсула фон Ридингсвард.