Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го добие признанието најпривлечен спортист од аспект на маркетингот во истражувањето што го спроведе Лондонската школа за маркетинг.
Во бодувањето се ценеа присуството на спортистите во медиумите, заработката на годишно ниво од спонзорските договори, како и остварените годишни приходи воопшто.
Зад Федерер се наоѓаат двајцата најпознати светски голф-играчи Тајгер Вудс и Фил Микелсон, а во ТОП 5 се и НБА ѕвездите Леброн Џејмс и Кевин Дјурант.