МВР вчера издаде 649 потврди за искажана намера за барање азил

Од:

Министерството за внатрешни работи вчера издаде 649 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил.

Во периодот од 19.06.2015 до 23.07.2015 година во 08,00 часот, соопшти денеска МВР, издадени се потврди на вкупно 18.259 странски државјани, од кои, 13.405 се од машки пол, 2.395 се од женски, 2.299 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 160 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 13.338, потоа од Авганистан 1.525, Ирак 1.074, од Пакистан 611, Сомалија 430, од Палестина 366, Конго 254, Камерун 104, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавање на потврдите до 23.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 35 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 25 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 23.07.2015 година се евидентирани вкупно 7 баратели на азил, сите мажи.

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст на ден 21.07.2015, екипата лоцирана во Табановце, во период од 19.45 до 00.30 часот изврши 8 интервенции на укажување прва помош. Дистрибуирани се вкупно 16 пакети со храна, хигиена за мажи, жени и деца, како и пакети за бебе.

Во период од 16.30 до 19.30, стои во соопштението од МВР, екипите на Црвен крст лоцирани во Гевгелија, укажале прва помош на 12 лица. Дополнително се дистрибуирани 71 шише со вода, 3 ќебиња, 4 пакетчиња пелени за бебе и 7 кутии бисквити.

На 22.07.2015, до 16.00 часот,  екипите на Црвен крст лоцирани во Гевгелија и Табановце, укажаа прва помош на 56 лица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тошковски удри по професионалците во МВР

МВР предупредува на лажни „финансиски советници“ за криптовалути на социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Скопјанец возел во спортивна насока на автопатот кон Тетово

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Спасен давеник од Дојранско езеро

Скопјанец му дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР