Во кусото соопштение кое што МКФ го објави на својата интернет страница се вели дека Марјан Србиновски ја добил довербата да биде Селектор на сениорската репрезентација на Македонија, по разговорот со Заре Марковски Спортски Директор на Македонската кошаркарска федерација.
Србиновски беше прв асистент на селекторите на двете последни ЕП, тој и како кошаркар има учествувано на Континенталниот собир, а тоа ја потврдува определбата на Федерацијата да го искористи сопствениот потенцијал.
Утринава МКФ му врачи отказ на Александар Џикиќ којшто ја предводеше репрезентацијата во квалификациите за ЕП.