Пожар на Пирин

Од:

Попладнево во подножјето на планината Пирин, на неколку километри од селото Илинденци, избувна шумски пожар во чие гаснење се вклучија десетици пожарникари и припадници на шумската служба, соопшти противпожарната бригада од бугарскиот град Сандански.

Како што јави БТА, по два часа пожарникарите успеале да го спречат ширењето на пожарот, што ја зафитил месноста Врабче, каде се уништени околу два хектари трева и нискостеблеста и борова шума.

– Десетици луѓе се наоѓаат на местото и се борат со пожарот, кој беснее под вештачката акумулација, но се уште е далеку од Илинденци, изјави градоначалникот на ова населно место Бојко Ибришимов.

Началникот на Регионалната дирекција за безбедност од пожари и заштита на населението за реонот на Пирин, Георги Пармаков соопшти дека пожарот е локализиран, но оти се уште тлее на некои локации и повремено се појавуваат пламени јазици.

Би можело да ве интересира

Се запали локомотива во Гевгелија

Пожар во Дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски