Италијанската полиција заплени имот во вредност од околу две милијарди евра, кој и припаѓа на организираната криминална група Ндрангета.
Во последната пресметка на полицијата со мафијата, запленет е имот на групата Ндрангета, која контролира поголем дел од трговијата на кокаин во Европа, вклучувајќи и повеќе од 1.500 обложувалници, 82 интернет страници за коцкање, речиси 60 компании и друг имот, се наведува во денешното соопштение на полицијата.
Обвинителството издало налог за апсење на 28 лица кои се осомничени за работа со коцкарници, а за уште 23 лица е пресуден домашен притвор или се бара да и се предадат на полицијата.