(ВИДЕО) Власта во Град Скопје си купува возило од 30.000 евра

Од:

Владејачкото мнозинство во Скопје донесе одлука за купување на ново возило на електричен погон. Вредноста на возилото е 30.000 евра. Ова е класичен пример за расипничко трошење на раскош и луксуз на Коце Трајановски, рече Драги Давчевски, советник во Советот на Град Скопје.

Тоа е континуитет на владеењето на Коце Трајановски со Скопје. Ова е класичен пример на трошење на чоколада во услови кога народот нема леб да јаде. Ова е континуитет на расфрлањето на раскош и луксуз после скапите објекти на Градската куќа, нова зграда за ЈП Водовод и канализација, барокни фасади и многу други непродуктивни проекти.

Советничката група на СДСМ и коалицијата остро се спротивстави на ваквата одлука. Сметаме дека парите во вредност од 30.000 евра можеа да се искористат за набавка на уште едно дополнително специјално возило за лицата со посебни потреби или ново амбулантно возило за потребите на здравствениот систем. Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?