Евидентирани 17 баратели на азил во Прифатниот центар

Од:

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 22.07.2015 година се евидентирани вкупно 17 баратели на азил, од кои 11 баратели на азил се мажи, 1 барател на азил е женa, 5 баратели на азил се малолетни лица.

Ова се новите податоци од денешното корегирано соопштение од МВР, во кое се посочува дека изминатиот ден, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, МВР има издадено 715 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19.06.2015 до 22.07.2015 година во 08,00 часот, стои во соопштението, издадени се потврди на вкупно 17.610 странски државјани, од кои, 12.965 се од машки пол, 2.309 се од женски, 2.191 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 12.798, потоа од Авганистан 1.471, Ирак 1.054, Пакистан 606, Сомалија 423, Палестина 357, од Конго 254, Камерун 104, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 35 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 25 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст  на 20.07.2015, во период од 16.30 до 19.30 часот,  екипата лоцирана на железничката станица во  Гевгелија укажа прва помош на 18 лица, кои имаа потреба. Дополнително беа поделни 45 шишиња вода и 8 пакувања пелени.

Екипата лоцирана на железничката станица Табановце, во период од 19 до 00.30 часот укажа прва помош на 21 лице, меѓу кои и 2 трудници. Беа дистрибуирани 72 шишиња вода, 9 пакувања бисквити и 9 пакувања пелени за деца.

На ден 21.07.2015, до 16.30 минути, екипите на Црвен крст лоцирани на железничкитестаници во Гевгелија и Табановце, укажаа прва помош на 113 лица, од кои 76 интервенции во Гевгелија  и 37 на железничката станица во Табановце.

Четири деца, беа транспортирани до гевгелиската општа болница, поради висока температура, односно осип и изгореници на телото. Децата добија соодветна медицинска аситенција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тошковски удри по професионалците во МВР

МВР предупредува на лажни „финансиски советници“ за криптовалути на социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Скопјанец возел во спортивна насока на автопатот кон Тетово

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Спасен давеник од Дојранско езеро

Скопјанец му дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР