Сегашната суша во Чешка е најлоша во последните 12 години

Од:

Тековната суша која ја зафати Чешка е најлоша во изминатите 12 години и ситуацијата ќе се влошува бидејќи во блиска иднина не се очекуваат постојани и поројни дождови.

Ова го изјави заменик директорот на Чешкиот хидрометеоролошки завод (ЧХМЗ) Јан Дахњелка, кој смета дека сушата е најлоша во последните 12 години, јави дописникот на МИА од Прага.

– Сегашната суша е слична како во 2003 година, кога имавме суво и топло лето. Тогаш брзо се исуши земјата, се намалија реките, што имаше последици и кај подземните води, вели Дахњелка.

Летово со сушата се соочува целата држава и нема област која не е зафатена од неа, иако најлоша е ситуацијата во источна Чешка каде повеќе од половина реки се под нормалното ниво.

Следните четири недели, според метеоролозите се очекуваат нормални и слаби дождови кои нема да го решат недостатокот на вода.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница