Чешка нема информации за исчезнатите граѓани во Либан

Од:

Засега никој не ја контактирал Чешка поради исчезнувањето на петмината нејзини граѓани кои се водат за исчезнати од саботата во Либан.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Прага, го изјави чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек по денешната средба на Кризниот штаб формиран по тој повод.

– Немаме информации за нивното движење, или каде се наоѓаат, рече Заоралек, кој информираше дека во Либан ќе бидат испратени двајца експерти.

Шефот на чешката дипломатија не сакаше да даде подетални информации за идентитетот на петмината Чеси не исклучувајќи ја можноста тие да се киднапирани.

Препорачувајќи им на чешките граѓани да бидат претпазливи кога патуваат, Заоралек потсети на Чехот кој во мај со уште неколкумина граѓани на други држави беше киднапиран во Либија.

Петмината Чеси и нивниот возач, локален жител, се сметаат за исчезнати од саботата кога либанската полиција нашла напуштен автомобил во кој биле нивните патни исправи и личниот багаж. Според тамошните и чешките медиуми случајот е поврзан со Али Фајад, Либиец, кој со уште двајца е притворен во Чешка и чека екстрадиција во САД поради обвинение за нелегална трговија на оружје и дрога.

Медиумите информираат дека меѓу киднапираните се двајца новинари, адвокат, преведувач и висок претставник на чешката безбедносна служба.

Исчезнатиот возач наводно бил брат на Фајад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израелците го нападнаа либанскиот град Тир

(ВИДЕО) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во бункер под болница, нема да ја гаѓаме

Катерина Ѓуровски

Два израелски напади на Бејрут, четири лица загинаа во нападот на Набатија

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Заменик лидерот на Хезболах го напушти Либан, добил наредба од Иран итно да се евакуира

Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северот на Израел