Охриѓанка узурпирала државно земјшите во Струга и наплаќала паркинг

Од:

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.К.В. (44) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“.

СВР Охрид соопшти дека пријавената, од почетокот на годинава, со незаконски дејствија  узурпирала 599 метри квадратни недвижен имот-земјиште сопственост на Република Македонија.

– Тоа го направила со намера за владение на недвижниот државен имот лоциран покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан веднаш до нејзината парцела, а со цел да го употреби за лична корист. В.К.В. на узурпираното државно земјиште најнапред поставила ограда, а потоа со насипување песок овозможила пристап од магистралниот пат до целокупниот имот по што започнала да го изнајмува како паркинг простор, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство