Студиото „Мекклин Дизајн“ во Лос Анџелес изгради соврмена раскошна куќа со површина од 600 метри квадратни.
Она што привлекува внимение во оваа куќа е совршената комбинација на модерната градба со пространи соби и мебелот усогласен со боите на ентериерот.
Грандизоноста на куќата е воочлива уште во екстериерот, кој вклучува голем базен, мала и едноставно уредна градина и прекрасен мебел за во дворот.
Луксузот се отсликува и во енетриерот, каде има одлично усогласен контраст на белиот мебел со темните ѕидови, пространа модерно опремена кујна, голема бања и беспрекорно уредена главана спална соба.
Дополнителен елемент на убавината на куќата е прекрасниот поглед, речиси од птичја перспектива, што таа го нуди кон Сансет Стрип.