СДСМ: Кога и кој претставник на меѓународната заедница предложил избори оваа есен?

Од:

Од СДСМ ги повикуваат пишувачите на партиски соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ да дадат одговори на неколку прашања:

-Кога и кој претставник на меѓународната заедница предложил избори оваа есен?

-Кога и кого ВМРО-ДПМНЕ информирале дека нивниот преговарач е отсутен и зошто не присуствувал другиот нивен член? Претпоствуваме дека Никола Попоски не одлучил да патува попладнето.

-Зошто координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, сепак брифирал дека денеска ќе се одржи средба на работната група и покрај отсуството на Поповски?

Од ВМРО-ДПМНЕ на јавноста и должат одговори на овие едноставни и логични прашања, наместо да шират лаги и бараат оправдувања за блокирањето на договореното.

На Груевски нема да му помогнат ни Тел Авив, ни крајот на светот, за реалноста со којашто мора да се соочи во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст

(ВИДЕО) Радеска: Повторно нема лекови на Онкологија – СДСМ бара оставка од Клековски

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка