(ВИДЕО) Жерновски: Дивоградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ мора да се отстрани

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски најави дека ќе чека седум дена Град Скопје и државниот инспектор заедно со општина Центар, да направат заедно увид дали настрешницата на партиското десиште на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградба.

-Повикот до нив е зашто слушнав дека се работи за политички потег на општината, но тоа не е така. Ние заедно да излеземе на терен и да констатираме дали има таму дивоградба или не. Доколку не излезат од Град Скопје и државниот градежен инспектор и не одговорат на барањето, ние ќе го сметаме како потврда на нашите наоди, рече Жерновски.

Тој рече дека сака да одбегне целата процедура да биде препишана како релација опозициска општина и центарална власт.

-Но овде нема централна власт, овде има партиско седиште, досега она што го слушнав не е демант, настрешницата дека е дивиградба, објаснувањето дека е тоа урбана опрема е смешно, рече Жерновски.

Град Скопје ја има дадено дозоволата, а тоа не смее зашто тоа е под ингеренциите на општина Центар, и тоа е моментот кој дополнително кажаува дека има нешто друго тука.

Жерновски појасни дека не бил дозоволен влезот во партијата за инспекциска екипа, но тврди дека законската обврска мора да ја исполниме, а тоа да се санкционираме секое делче кое е дивоградба.

-Слушнав рекација дека тој објект не е пуштен во употреба, но вчера токму таму имаше состанок на политичкиот врв. Мислам дека е лицемерно да се зборува дека објектот не е отворен, а вие да правите грандиозно отворање.

Не се работи за реваншизам, туку за констатирање на дивоградба, и таа мора да биде отстранета, рече Жерновски и кажа дека ќе биде интересно дали полицијата ќе ги заштити инспекциските служби доколку се потврди наодот од Центар дека се работи за дивоградба.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски