Јахјага: Косово ги определи црвените линии кои не можат да се поминат

Од:

За приштинскиот весник „Коха диторе“, Јахјага истакна дека Косово ги има определено црвените линии, кои не можат да се поминат во разговорите со Србија.

Таа додаде дека секој чекор од дијалогот ќе биде согласно Уставот и законите на Косово и ќе биде следен од приштинските институции.

Јахјага нагласи дека е уште рано да се каже кога ќе завршат преговорите, но на крајот од овој процес таа гледа „две држави на пат кон европската интеграција“.

Косовската претседателка изјави дека не е важно како ќе бидат дефинирани разговорите, туку е важно во нив Косово да се третира како незвисна држава и сите договори, кои ќе бидат постигнати во процесот, да водат кон подобрување на животот на граѓаните од двете страни на границата.

– Важно е да се најдат европски и прифатливи решенија, додаде Јахјага.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица