Најмалку 45 загинари во напади на бунтовниците во Јемен

Од:

Најмалку 45 лица загинаа денеска при жестоки артилериски напади на шиитските бунтовници Хути и нивните сојузници врз делови на јеменскиот пристанишен град Аден, соопштија медицински извори.

Нападот врз градот е во рамки на напорите на бунтовниците за запирање на јеменските владини трупи, кои со поддршка на суадиските сили и локалните племенски борци минатита недела успеаја да ги потиснат Хутите од поглемиот дел на Аден.

Анонимен претставник на локалните власти соопшти дека неколку стотици жители на северните предградија на Аден ги напуштиле своите домови, бегајќи пред интензивните артилериски напади на бунтовниците.

Според истиот извор, сите 45 загинати при нападите на бунтовниците, најверојатно се цивили.

Изминативе недели во Аден се водат едни од најжестоките борби од интенизвирањето на граѓанската војна во Јемен во март годинава.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида