Македонските млади кошаркари им се реваншираа на врсниците од Бугарија

Од:

Јуниорската кошаркарска репрезентација им се реваншираше на врсниците од Бугарија за синоќешниот мининален пораз во првиот контролен дуел.

Македонските јуниори денеска извојуваа победа со 72:61 (23:19,14:18,9:10 и 15:25).

По израмнетата игра во првите 30 минути, црвено-жолтите одиграа фуриозна последна четвртина и стигнаа до двоцифрена победа на гостувањето во Самоков.

Селекторот Саша Димитријавиќ и денес им даде можност да настапат сите десет кошаркари, најефикасни меѓу нив беа Маслинко со 20 и Димитријевиќ со 17 поени.

Кај поразената Бугарија повторно најрасположен беше капитенот Минчев со 17 поени, 15 постигна Крустев.

Нашите млади кошаркари денеска попладне се враќаат во Скопје  каде продолжуваат да се подготвуваат за настап на Европското првенство во Австрија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос