Камбоџанското министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека издало дозвола за регистрација на нова политичка партија, на чие чело ќе е дисидентот Сереј Рата.
Лидерот на оваа партија, Рата, беше обвинет за тероризам и осуден на седум години затвор, но тој е во егзил во САД.
Новата партија ќе се вика Партија на силата на Кмерите и како што се претпоставува, ќе ја подели опозицијата во Камбоџа. Нејзиниот лидер н Сереј Рата неделава експресно беше помилуванод кралот Нородом Сихамони,а простувањето на казната минатиот ппонеделник го побара премиерот Хун Сен.
Парламентарни избори во Камбоџа ќе се оддржат во 2018 година. Владејачката партија на Хун Сен во Парламентот има 68 од вкупно 123 пратеници. Сегашната опозиција една година го бојкотираше Парламентот, барајќи повторување на изборите, но доби само неколку отстапки во изборниот закон и во мај се врати во Парламентот.