Армијата на Нигер денеска соопшти дека нејзини припадници во јужниот дел на земјата, во близина на границата со Нигерија, ликвидирале најмалку 30 припадници на радикалната исламска група Боко Харам.
– Нашата армија за време на операција во близина на границата со Нигерија уништи најмалку 30 борци на Боко Харам, соопшти претставник на Вооружените сили на Нигер.
Во операциите против припаднците на Боко Харам, покрај Нигер и Нигерија, учествуваат и армиите на соседните држави Камерун и Чад.
Боко Харам се залага за формирање на исламска држава на териториите на северна Нигерија и на делови од соседните земји. Во напади на Боко Харам од 2009 година, па досега, се убиени околу 13.000 лица, од кои најголемиот број во Нигерија.