Работилница за ready-made методот на творење

Од:

Отворен е повикот за работилницата за ready-made методот на творење, што ја организира Културниот центар „Кула“ во соработка со фестивалот „Дримон“, а ќе се одржи во Струга,  од 22 до 24 јули во рамки на фестивалот „Дримон“.

постер ready made

Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање пополнета апликација на http://ku-la.org/?p=2221 и кратка мотивациска изјава на [email protected], најдоцна до 19 јули. Не е потребно искуство во оваа област, а бројот на учесници е ограничен на 20.

Marcel-Duchamp-Bicycle-wheel-high-res-300dpi2

Во текот на работилницата ќе се изработуваат накит, скулптури и неконвенционални инструменти од рециклиран отпад.

pbh-copy

– Главната цел на работилницата е да вмрежи млади луѓе кои се заинтересирани за алтернативните начини на употреба на секојдневните предмети, информира Културниот центар „Кула“.

T07573_10

По завршувањето на работилницата, предвидена е изложба од изработените скулптури и концерт со создадените инструменти.

tumblr_l1p96cakOJ1qbrvggo1_500

Ментори на работилницата ќе бидат Сандра Јовановска, Маја Стојковска, Сања Симоска, Иван Трајчев и Марко Јанев. Работилницата е поддржана и финансирана од Холандската амбасада во Македонија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска