Во три експлозии за време на денешната молитва во нигерискиот град Даматуру загинаа најмалку 13 луѓе, а десетици се повредени.
Едната бомба експлодирала на плоштад каде верниците се молеле по повод празникот Рамазан Бајрам, втората експлозија се случила на 500 метри оддалеченост од првата. Третата бомба експлодира во близина на џамија..
Се уште никој нема преземено одговорност за нападите, но се претпоставува дека се дело на Боко Харам.