Чешка нема да понесе никаков ризик заради заемот на Грција

Од:

На Чешка не и се заканува никаква загуба во случај на неплаќање на кредитите на Грција од Европскиот механизам за финансиска стабилизација (ЕМФС), објави чешкото Министерство за финансии.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според соопштението, евентуалните загуби ќе бидат покриени од приносите на грчките обврзници во Европската централна банка (ЕЦБ).

Министрите за финансии на земјите на еврозоната  прелиминарно се согласија за принципите за обезбедување на краткорочна финансиска помош за Грција во износ од 7,16 милијарди евра, а деталите ќе бидат соопштени денеска.

За заемот од ЕМФС стандардно гарантираат сите земји на ЕУ, не само земјите на еврозоната како што е случај со кредитите од Европскиот механизам за стабилност (ЕМС), што освен на Чешка не и се допадна и на Велика Британија.

– Чешка во согласност со земјите надвор од еврозоната, вклучувајќи ги и Велика Британија, Шведска и Данска, ќе учествува во дискусии во врска со можноста за обезбедување на краткорочен кредит на Грција за три месеци. Ако Грција не  го отплати кредитот, Чешка и другите земји надвор од еврозоната не ги сносат загубите, туку тие ќе бидат покриени од страна на приносите на грчките обврзници во Европската централна банка (ЕЦБ), се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Грција подоцна треба да биде финансирана од Европскиот фонд за стабилност (ЕФС), кој е инструмент за стабилизација на земјите од еврозоната каде Чешка не учествува.

Краткорочниот кредит на ЕМФС ќе се рефинансира со следниот  заем од ЕФС, во кој учествуваат само земји од еврозоната.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка и министерот за финансии Андреј Бабиш на почетокот на неделата на прес-конференција изјавија дека Чешка одбива да гарантира за заемот на Грција и не сака ни да дозволи да и биде одобрен кредит.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција