Нови соработници на тајните служби биле поранешен амбасадор и поранешен државен секретар.
На својата веб страна , Комисијата за верификација на фактите, утрово ги објави решенијата, со кои смета дека поранешниот македонски амбасадор Петре Наковски и поранешниот државен секретар Хетем Адеми биле соработници на Службата за Државна Безбедност.
Во решението за Наковски е напишано дека тоа се носи, бидејќи соработувал со тајните служби, а во досието , инспекторите на СДБ стои дека тој бил наводно и соработник на полската разузнавачка служба, и дека имал контакти со дипломатите од амбасадата на поранешна СССР.
Лустраторите известија дека согласно член 36 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, документите за Адеми нема да се објават.