Во вчерашните два бомбашки напади на пазар во нигерискиот град Гомбе загинаа најмалку 49 луѓе, соопшти спасувачката служба.
Во нападите повредени се десетици лица.
Неименуван извор посочи дека се повредени 71 луѓе, меѓу кои голем број деца и жени.
Првата бомба експлодирала пред продавница за чевли, а неколку минути подоцна уследила уште една.
Се уште никој не презел одговорност за нападите, но се претпоставува дека се дело на Боко Харам.