Владата со ангажман за младите невработени

Од:

Преку програмите на Владата и Агенцијата за вработување за практикантство и за обука кај познат работодавач во телекомуникацискиот оператор ОНЕ ќе бидат ангажирани вкупно 34 млади невработени лица за период од три месеци по кој дел од нив ќе можат да бидат вработени во компанијата во зависност од покажаниот интерес, ангажираност и посветеност.

– Во ОНЕ во период од три месеци ќе се обучуваат вкупно 19 лица, а преку програмата за практиканство ОНЕ ќе ангажира вкупно 15 млади лица, без претходно работно искуство. Со двете програми во ОНЕ ќе бидат ангажирани вкупно 34 лица кои ќе добијат шанса за идно вработување, бидејќи по истекот на трите месеци, односно по завршување на двете програми ОНЕ ќе ги задржи на работа лицата кои ќе покажат интерес за работата, ангажираност и посветеност во извршување на работните задачи, рече директорот на ОНЕ Цирил Кафол.

Овие проекти, додаде, се уште една потврда дека ОНЕ е компанија која расте и обучува и продуцира квалитетни кадри не само од областа на телекомуникациите, туку и од други значајни бизнис области.

Министерот за труд и социјална политика појасни дека станува збор за програми кои можат да придонесат за намалување на невработеноста, особено кај младите.

– Бројот на ангажирани лица во ОНЕ можеби е симболичен, но треба да претставува мотив за сите млади луѓе. Овој пример треба да го следат и останатите компании во Македонија. На ваков начин се зголемува вработеноста на младите и превентивно се делува тие да бидат соодветно подготвени и вклучени во пазарот на трудот, што всушност е и целта на програмата за практикантство со која се обезбеди поддршка за евидентирани невработени лица до 27 годишна возраст, рече Ристовски.

Со програмата за обука кај познат работодавач треба на невработените да им се определи одредено ниво на знаења и вештини за работодавач кој има утврдено определени потврди за работни места. Оваа обука се однесува за лица кои немаат претходно работно искуство.

Подготовката за вработување трае три месеци со обврска работодавачот да прими најмалку 50 проценти од ангажираните и да не го намали бројот на вработени на неопределено време најмалку една година. Висината на паричната помош за невработените лица вклучени во подготовката изнесува 4.400 денари месечно, а за младите лица до 27 години 4.000 денари.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има зголемување на платите на функционерите

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка