Раул Кастро побара укинување на американското ембарго и враќање на базата Гвантанамо

Од:

Кубанскиот претседател Раул Кастро се заложи за создавање „нови односи“ со САД, нагласувајќи дека е потребно „раскинување со минатото и мирна коегзистенција“.

Во говор во Националното Собрание во Хавана, Кастро рече дека за воспоставувањето на целосна нормализација на односите меѓу двата соседа, мора да се укине трговското ембарго што САД го воведоа кон Куба уште од почетокот на 60-те години на 20-от век.

Кастро исто така побара на Куба да и биде вратена американската поморска база Гвантанамо, сместена на југот од кубанскиот остров.

Изјавата на претседателот Кастро доаѓа по обновата на дипломатските односи меѓу Куба и САД и пред отворањето на амбасадите на двете земји во Вашингтон и во Хавана, предвидено за в понеделник, што доаѓа по прекинот на врските во 1959 година.

За укинувањето на трговското ембарго е потребна согласност на американскиот Конгрес, што во овој момент, на 16 месеци пред претседателските избори во САД, е тешко да се добие, особено што голем број конгресмени и сенатори се противат на обновените врски со Хавана.

Официјален Вашингтон неколкупати досега соопшти дека базата во заливот Гвантанамо, не е на дневниот ред за разговорите со Куба.

САД и Куба ги почнаа своите тајни преговори за обнова на прекинатите врски од пред половина век, уште пред две години.

На 17 декември минатата година, претседателоте Кастро и Барак Обама, во истовреме обелоденија дека двете земји постигнале согласност за обнова на дипломатските врски, што започнува со ослободувањето на затворениците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД