Јапонците во Токио го градат најскапиот стдион на светот со вредност проценета на околу две милијарди долари.
Стадионот треба да биде во функција на Летните Олимписки игри 2020 за кои домаќините уверуваат дека ќе бидат најдобро организирани во историјата на олимпизмот.
Во моментов приматот најскап стадион го држи оној на НФЛ тимот Џајантс Метлајф во Њујорк, САД за чија изградба се потрошени 1,6 милијарди долари.
Дизајниот на стадионот во Токио е таков да кровот изгледа како заштитен шлем за велосипед. Еден дел од покривот ќе биде проѕирен, а под теренот ќе има вградена вентилација и регулатор на температура.
Стадионот ќе биде отпорен на земјотрес.
Новиот стадион во Јапонија ќе биде еден од седумте во светот кои чинат преку една милијарда долари.