Драган Паравиња е осуден на казна затвор од 40 години поради обид за силување и убиство на 17-годишната Антонија Билиќ на средината на 2011-та година и за уште едно силување.
Хрватските медиуми пренесуваат дека Паравиња бил блед по донесување на одлуката, но и дека апсолутно не го почитувал судот.
Семејството на Антонија Билиќ повеќе пати апелирало, Паравиња да открие каде го сокрил нејзиното тело, но тој тврди дека не сторил ништо такво и дека целиот случај е наместен.
Антонија Билиќ последен пат е видена на 7. јуни 2011. година, од кога и се губи секоја трага.
Нејзиното семејство се уште верува дека таа исчезнала, но дека не е убиена.
Телото никогаш не е пронајдено, иако во потрагата учествуваа илјади полицајци и граѓани, а беа исушени и неколку мали езерца.