ОБСЕ: Во Украина самоволие на локалните команданти

Од:

Заменик-шефот на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа Александер Хуг изјави дека слободата на движење на припадниците на ОБСЕ е ограничена поради самоволието на локалните команданти.

– Моментално нашата слобода на движење е ограничена, на пример на границата меѓу Украина и Руската Федерација, на територијата на Луганск. Таму систематски не добиваме пристап. Станува збор да пограничен појас со ширина од пет до десет километри, појасни тој во интервју за виенскиот весник „Пресе“.

Тој истакна дека на припадниците на мисијата на ОБСЕ им се закануваат со вооружена сила.

– Доколку одите понатаму ќе пукаме, е пораката, која според Хуг, припадниците на мисијата на ОБСЕ често ја слушаат.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он