Норвешката Влада организира изложба со предмети на Андерс Брејвик

Од:

Норвешката Влада организира изложба на предмети кои му припаѓале на ултрадесниот екстремист Андерс Брејвик, кој пред четири години уби 77 луѓе во Осло и на островот Јутоја.

Адвокатот на семејствата на жртвите и на преживеаните од нападите, Џон Кристијан Елден ја критикува одлуката за одржување на изложбата.

Изложбата ќе биде отворена на 22 јули во владината зграда во Осло. Ќе бидат прикажани делови од автомобилот со експлозив, со кој Брејвик се втурна во зградата на Владата на 22 јули во 2011 година, при што загинаа осум луѓе. Потоа тој уби уште 69 лица на островот Утоја, од кои поголемиот број учесници на младинска конференција.

На изложбата ќе може да се виде и униформата и фалсификуваната лична карта со која Брејвик им се претставил на полицијата пред масакрот.

Брејвик е осуден на 21 година затвор, но казната може да биде продолжена ако се процени дека тој претставува опасност.

Претставникот на Зелените, Андерс Скируд Даниелсен посочи дека изложбата може да се претвори во место каде што  ултрадесничарските екстремисти ќе величат масакрот на Брејвик.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани