Доскорешниот кошаркар на Бостон Селтикс, Луиџи Датоме е нов играч на Фенербахче, потврди турскиот клуб на својата интернет страница. Датоме потпишал двегодишен догвор со можност истиот да биде продолжен за уште една сезона.
„Возбуден сум и со нетрпение очекувам да заиграм за својот нов клуб. Напред Фенер!“, напишал италијанскиот репрезентативец на својот профил на Facebook.
Во кариерата 27-годишниот кошаркар има настапувано за Монтепаски Сиена, Рома и Детроит Пистонс. Минатата сезона во дресот на Бостон Селтикс во просек по натпревар имаше учинок од 5,2 поени, 1,4 скока.
Датоме е четврто засилување за Фенербахче во преодниот рок, а второ од НБА лигата, откако договор потпиша и македонскиот интернационалец Перо Антиќ. Покрај Датоме и Антиќ нови играчи на турскиот клуб станаа Боби Диксон од Каршијака и Костас Слукас од Олимпијакос.