Франсоа Оланд: Грција не беше понижена

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд за време на традиционалното 14-јулско интервју оцени дека „Грција не била понижена“ со договорот постигнат во Брисел за нејзиниот долг, јави дописникот на МИА од Париз.

– Нема да прифатам еден народ биде понижен, потенцира францускиот претседател. – Понижување ќе беше ако ја избркавме од евро зоната. Европа е направана за да секоја нација биде посилна, додаде тој..

Понатаму, Оланд, оцени дека во грчката криза Франција ја играше својата улога за да придонесе Грција да остане во еврозоната, одбивајќи да кажде дека „Париз победи, наспроти Берлин“.

– Не велам дека Франција победи, бидејќи тоа не е во согласност со идејата која ја имам. Европа е таа која победи и Франција ја зазеде својата позиција и ја играше целосно нејизната улога, изјави шефот на француската држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија