Лидерите на 27 членки на Европската унија постигнаа синоќа договор за воведувaње единствен регулатор за банкарскиот сектор во еврозоната во 2013 година, изјави портпаролот на ЕК, Оливие Бајли.
Тој нагласи дека е постигнат догоговор „за политичката рамка до крајот на 2012 и постепено имплементирање во 2013 година“.
Договорот постигнат на самитот на европските лидери во Брисел е компромис на Германија и на Франција кои се спореа околу тоа како најдобро да се поддржи погодениот банкарски систем во регионот што беше една од главните причини за должничката криза во Европа.