Земан: Заради мигрантите ќе треба да се ангажира војската на границите

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан е убеден дека „ќе дојде време кога поради мигрантите, земјата ќе мора на границита да ја постави Армијата“, јави дописникот на МИА од Прага.

Земан додаде дека со оглед на актуелната ситуација во Украина, не може да се исклучи дека ќе почнат бранови на украински бегалци, но за нив смета дека се културно блиски на Чесите и луѓе кои се подготвени да работат.

– Со таков миграциски бран, секако во ограничен размер би се согласил, оцени Земан, притоа подвлекувајќи дека никогаш не би се согласил во Чешка да влезе миграциски бран на исламисти, меѓу кои би можело да има и борци на т.н Света војна или Џихадот.

Чешката Влада минатата недела донесе одлука земјата до 2017 година да прими 1.500 бегалци, од нив првите 400 до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница