Помошникот американски државен секретар Викторија Нуланд денеска во Приштина разговараше со косовската претседателка Атифете Јахјага и претседателот на собранието Кадрим Веселим, јави Танјуг.
Средбите беа затворени за медиуми.
Нуланд се очекува да се сретне и со премиерот и заменик премиерот на косовската влада Иса Мустафа и Хашим Тачи, како и со лидерот на Алијансата за Косово Рамуш Харадинај.
Во приштинските медиуми посетата на Нуланд се оценува како притисок за усвојување на уставни амандмани со кои ќе се овозможи формирање Специјален суд за злосторства на борци на ОВК.