Мексиканскиот наркобарон Ел Чапо избега од затвор

Од:

Мексиканскиот наркобарон Хоакин Гузман Лоера, познат и како „Ел Чапо“ (Кусиот) поради неговата височина од само 152 сантиметри, избегал од затворот во Мексико, објавија локалните власти.

Гузман избегал од затворот со максимално обезбедување, избегал по вторпат, пренесува Associated Press повикувајќи се на извори во правосудните органи на Мексико.

Според очевидци, наркобосот последен пат бил виден во туш кабината во еден од затворските блокови. Според првичните сознанија на истрагата, осуденикот бегството го извел со помош на наркокартелот Синелоа, една од најголемите злосторнички организации во Мексико.

Лоер беше уапсен и осуден на дваесетгодишна затворска казна уште во 1993 година, Потоа, откако мексиканските власти решија да им го предадат на САД, тој започнал да подготвува бегство од затворот. Гузман тогаш поткупил неколку затворски чувари и на 19-ти јануари 2001 година побегнал, сокривајќи се во комбе кое превезувало валкана облека. Во неговиот план за бегство, како што подоцна откри истрагата, биле вклучени речиси осумдесет луѓе.

Тогаш властите понудија награда од 2,3 милиони долари за информација што би овозможила ликвидација на Гусман. Наркобаронот беше уапсен повторно во февруари 2014 година, во еден од хотелите во градот Масатлан во западно Мексико.

Статусот на легендарниот и недофатлив мексикански крал на дрогата се проценува во моментов на една милијарда американски долари. Ел Чапо неколку години се наоѓаше и на листата на најбогатите и највлијателни личност на светот во рејтинг листата на списанието Forbes.

Магазинот го нарече Ел Чапо тие години еден од највлијателните луѓе на планетата, бидејќи го контролирал речиси целиот американски пазар на кокаин, кој тогаш му донел 300 милиони долари. Поради тоа американските власти распишаа награда за негово апсење од 5 милиони долари.

Магазинот Forbes рангирајќи ги личносите според „четири димензии на моќ“: влијание врз други луѓе, контрола на богатства, разновидност на влијанијата и активно користење на моќтал во 2009 година Хоакин ел Чапо Гусман, наркобаронот кој тогаш беше во бегство во зафрлените планини на северот на Мексико, го рангираше како глобално помоќна личност од тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев, од поранешниот француски Никола Саркози и од сега починатиот венецуелски претседател Уго Чавез

На тој список на „најмоќните луѓе на светот”, Гусман беше рангиран на 41 место, две места пред Медведев и дури 15 места повисоко од Саркози, и само четири места подолу на листата од најбараниот терорист Осама бин Ладен, сега ливидираниот водач на Ал Каеда.

Кога во 2007 година 52-годишниот Гузман правеше свадба со 18-годишна убавица, банкетот беше толку добро обезбедуван што армијата не се ни обиде да го приведе младоженецот.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори