Досега филмовите за тајниот агент Џејмс Бонд ги одбележаа бројни убавици, но се чини дека новиот филм „Skyfall“ ќе остане запаметен по еден маж, злобниот Силва кого го толкува Хавиер Бардем.
Во една од сцените на тајниот агент ќе му ја откопча кошулата, и му ги допира градите за да ја провери сериозноста на повредите на Бонд.
Неговата рака потоа се спушта на колената на Бонд дофрлајќи му заводливо „За сè постои прв пат“. На овој со еротика набиен коментар Бонд одговара „А кој вели дека мене тоа би ми бил прв пат?“.
Опишувајќи ја сцената како одлично флертување, Даниел Крег, кој го игра агентот 007, рекол во интервју за „Мувилајн“ дека се работи за класична покерска игра.
„Некој спомена дека Силва можеби е геј. А јас бев во фазон – Тој би е… што било“ низ смеа додал актерот.
Крег признава декса тоа му е една од омилените сцени во филмот, пренесува „Хафингтон пост“. Шпанецот Бардем за кого критичарите повторно имаат само пофалби, објаснува дека сексуалноста е важен дел од неговиот лик, но дека во споменатата сцена целта била да се предизвика што поглема непријатност кај Бонд.