Македонските тенисери се подготвуваат за Дејвис купот

Од:

Македонската Дејвис куп репрезентација од 15 јули до 18 јули во Сан Марино ќе настапи во Третата Европска зона од Дејвис купот.

Селекторот Дејан Маринковиќ за годинашниов настап ги повика: Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Бојан Јанкуловски и Горазд Србљак. Македонските тенисери неколку денови се подготвуваат во Скопје, а единствено отсуствува Грабул, кој ќе се приклучи директно во Сан Марино поради настапи на турнири.

– Третата група од Дејвис купот е неатрактивна се игра во два добиени меча и ја нема онаа привлечност од повисокиот ранг. Но, секоја година конкуренцијата е се посилна. За натпреварите во Сан Марино (се игра од 15. јули) Кипар го пријави Багдатис, Естонија е со Зоб и Иванов. Ние сме носители, како резултат на тоа што пет години по ред играме меч за пласман ранг повисоко, но немаме победа во решавачкиот дуел, изјави селекторот Маринковиќ.

Тој истакна дека имаме микс на искуство и квалитет (Јотовски и Грабул) и иднина (Јанкуловски и Србљак).

– Во првите планови беше и Предраг Русевски да настапи (пред се во двојки), но тој не можеше да потврди порано дека ќе игра. Подоцна најави дека е слободен, но веќе беа направени сите формалности за настапот на оваа четворка откако поради повреда откажа Шендрит Деари (на негово место е Јанкуловски). Товарот и оваа сезона ќе биде на Јотовски и на Грабул, а за помладите ако има шанса и ако имаме полесен противник ќе играат.

Покрај Македонија на овие натпревари ќе играат уште: Албанија, Ерменија, Кипар, Естонија, Грузија, Грција, Исланд, Лихтенштајн, Малта, Црна Гора, Норвешка и Сан марино. Распоредот на групите ќе биде познат по доаѓањето во Сан Марино, додаде Маринковиќ.

Македонската тениска репрезентација во понеделник патува за Сан Марино.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров