Обама: Трагедијата во Сребреница треба да биде запаметена, а лекциите од неа – научени

Од:

Трагедијата во Сребреница треба да биде запаметена, а лекциите од неа – научени. Треба да гледаме на настаните во Сребреница со отворени очи, да се запомни трагедијата и да извлечеме од неа лекција, повика американскиот претседател на САД Барак Обама, истакнувајќи дека настаните кои се случиле во Босна се геноцид и најголемиот масакр за последниот половина век на територијата на Европа, пренесе РИА Новости.

„Само со целосно признавање на минатото можеме да достигнеме трајно и континуирано помирување во иднина. Само со покажување на виновниците за геноцидот можеме да обезбедиме некакво чувство за правда на оние кои ги загубиле своите најмоли“, рече Обама.

Претседателот на САД истакна дека Вашингтон продолжува заедно со земјите од Балканскиот полуостров да „гради свет во кој народите на Босна и Херцеговина, балканските држави ќе живеат во мир“.

Комеморативна настани посветени на трагичните настани, ќе се одржат денес во Сребреница.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија