Палмите во Прилеп не се донација од Македонски шуми

Од:

Јавното претпријатие Македонски шуми негира дека е донатор на неодамна засадените во паркот пред Општинската зграда во центарот на Прилеп.

Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, испративме барање за информации до Општина Прилеп со кое побаравме да ни го достават заклучокот за објавување на одлуката за прифаќање на донацијата од Македонски шуми, Договорот за донација склучен помеѓу давателот и примателот на донацијата, Извештајот за дадената и примената донација, Барањето за потврдување на јавен интерес поднесено од давателот на донацијата ЈП Македонски шуми упатено до Министерството за правда и други документи поврзани со донацијата.

Од општината на барањето одговараат дека немаат таква информација и барањето го препраќаат до ЈП Македонски шуми во чиј одговор стои дека не поседуваат никаква документација за донација, и негираат дека тие како јавно претпријатие се донатор на палмите кои се засадени во Прилеп.

Единствен конкретен одговор пристигна од ЈКП „Комуналец“, кои во писмото само посочуваат кој ќе биде надлежен да ги одржува засадените палмови стебла, и во која програма е предвиден таквиот трошок.

Но и покрај официјалниот допис на ЈП „Македонски шуми“, во кој се вели дека тие не се донатори на палмите засадени во Прилеп, на официјалната веб страна на Општината, се уште стои дека ЈП Македонски шуми донирала 20-тина палмови стебла.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза