Дванаесет лица загинаа при експлозија на нафтовод во Нигерија, соопшти италијанската енергетска компанија „Ени“.
Експлозијата се случила при ремонт на цевка, која била уништена во саботажни дејствија, но околностите околу инцидентот се уште не се јасни.
Бунтовничката група Движење за независност на делтата на реката Нигер, која тврди дека се бори за праведна распределба на нафтените резерви на Нигерија, претходно преземала одговорност за извршените напади врз постројки во земјата, кои се раководени од „Ени“.