„Њузвик“: Кина, Русија и Индија ги обединуваат силите

Од:

Новиот Источен блок – Кина, Русија и Индија ги обединува силите, е насловот на „Њузвик“ за средбата на Шангајската организација за соработка (СЦО).

Весникот наведува дека практично непозната на Западот, оваа меѓународна организација вклучува земји, кои претставуваат половина од светското население.

– Ако надежите на водечките поддржувачи, посебно на Русија, бидат реализирани, 15. самит на СЦО што се одржува во рускиот град Уфа, ќе значи дека малку познатата организација во минатото, ќе почне да предизвикува многу поголемо внимание на Западот, истакнува „Њузвик“.

СЦО планира да ги покани за полноправни членки и Индија и Пакистан со цел да го прошири своето влијание во Јужна Азија.

Во главниот град на руската република Башкирија од 8 до 10 јули се одржуваат самитите на БРИКС, како и на Шангајскатна организација за соработка, во која членуваат Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан и Русија.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он