ВИДЕО: Продолжува подводното истражување на пештерата Врело

Од:

Македонските нуркачи од клубот „Акватек“ и спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ ја продолжија својата истражувачка експедиција во пештерата Врело на Матка. Истражуваа нови премини и нови делови на подводната пештера во должина до 200 метри, како и кај пределот околу салата наречена Пеони, која се наоѓа на 150 метри под влезот на пештерата. Целта на оваа домашна експедиција е истражување и скицирање на подводно-подземните канали на Врело.

– Македонските нуркачи во изминатиот период инвестираа во своето знаење и обука за техники во пештерското нуркање и се здобија со сертификати од светската организација „TDI-SDI“. Горди сме што можеме да се пофалиме со овие сертификати и предзнаењето за овој вид нуркање. На следната поголема експедиција ќе може да нуркаме рамо до рамо со странските експерти кои ја истражуваа Врело. Пештерата досега е истражувана неколку пати, но само од странски нуркачи сертифицирани за пештерско нуркање, вели Киро Анѓелески, претседател на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“.

Vrelo_Matka_CaveDIving_4JUL2015_1

Овие експедиции се само подготовка за проектите кои домашните нуркачи треба да ги реализираат до крајот на годината.

Vrelo_Matka_CaveDIving_4JUL2015_6

– Целта  е да се стигне до што подлабока точка и да се истражи што поголем дел од пештерата. Досега сме нуркале во различни делови на подводната пештера каде што сме земале примероци од водата на различни длабочини за да се испита постоењето на ендемски видови. Но, покрај истражувачка работа овие нуркања ги користиме и како тренинг за да можеме кон крајот на годината да направиме уште една, овој пат, интернационална експедиција и во целост да можеме да ја истражиме Врело, додава Даниел Атанасовски, претседател на „Акватек“.

Vrelo_Matka_CaveDIving_4JUL2015_4

Според него, од круцијално значење е надлежните министерства и домашните компании финансиски да ги подржуваат ваквите експедиции за да бидат успешни и да донесат што повеќе резултати.

Vrelo_Matka_CaveDIving_4JUL2015_3

– Освен прибирање податоци од пештерите, придобивката е голема и за развојот на овој вид на туризам и промовирањето на македонските пештерски убавини кои се многу атрактивни за светски признаените спелеолози, истакнуваа Атанасовски.

Vrelo_Matka_CaveDIving_4JUL2015_2

Покрај истражување на Врело, нуркачите се подготвуваат и за поголема експедиција која ќе се случи кон крајот на летото во пештерата Ѓоновица, Гостивар. Оваа пештера е помалку позната на јавноста и досега не била истражувана од нуркачи, па затоа клубовите „Акватек“ и „Врело“ ќе пробаат со неколку експедиции да ги откријат нејзините подземни пространства и можноста за постоење животински свет.

Би можело да ве интересира

Старнавски повторно ќе нурка во пештерата Врело на Матка

Наум Локоски

Срушен рекордот на Казати во пештерата Врело

Полски нуркач ќе го руши рекордот на Казати во пештерата Врело

Предраг Петровиќ

Продолжува истражувањето на пештерата Врело

Ана Ололовска

Спелеолози ќе ја истражуваат пештерата Ѓоновица за да стане туристичка атракција

Ана Ололовска

Нова подводна експедиција во пештерата Ѓоновица

Ана Ололовска