Новиот лидер на јеменскиот огранок на Ал Каеда повика на напади врз САД во своето прво обраќање по смртта на Насер ал Вахиши, соопшти американскиот Центар за следење на исламисти на интернет (СИТЕ), повикувајќи се на објавен видео запис.
– Сите треба да ги насочите и соберете своите стрели и мечови против нив, изјави Касем ал Римини во видео запис, објавен на социјалните медиуми.
Според СИТЕ, Римини во своето обраќање ги имал предвид САД.