Во Битола премиера на операта „Марија од Буенос Аирес“

Од:

Битолскиот летен фестивал „БитФест“ вечер продолжува со премиерна изведба на танго операта „Марија од Буенос Аирес“ од Астор Пјацола, во режија на Благојче Божиновски.

Како што рече градоначалникот Владимир Талески, Битолската опера како имиџ проект на „БитФест“ продолжува со премиерни изведби. Затоа и годинава локалната самоуправа овозможи поддршка.

– На програмата е некомерцијален настан, проект со голема придобивка. Ваква содржина ретко се сретнува во другите општини, нагласи Талески.

Во операта „Марија од Буенос Аирес“ ќе настапат 44 уметници од различен профил, најголем дел битолчани, музичари и солисти.

– Во операта доминираат страста, љубовта, страста кон животот и смртта. Операта открива зошто треба да се прости и да биде простено. Верувам дека битолскиот камерен оркестар и солистите ќе ги пренесат сите музички сегменти на танц до присутната публика на вечерашната опера, нагласи режисерот Божиновски.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Благој Мицевски, а сценските движења ги подготви Анжела Топчиј.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски