Во јужнокорејското градче Гозангу, близу Сеул, се изградени две згради, дело на архитектот Мун Хун, што имаат вдлабнатини во форма на Полумесечини и се поставени една покрај друга на танов начин што формираат полна Месечина.
Зградите наречени „Две Месечини“ имаат и дополнителни астрономски мотиви, како ѕвезди и соѕвездија. Во целиот простор се сместени уметничка галерија, кафуле и канцеларии.
Несекојдневниот дизјан е инспириран од филмот „Спојување на две Месечини“, а е изграден по барање на клиентот кој сакал две одвоени згради – едната за себе, а втората за неговиот помлад брат. Секоја од зградите е висока по три метри.
Темата „Месечина“ е пренесена и во ентериерот на зградите, со полукружните прозорци, балконите во форма на Полумесечина, сферните тавани и отворите во форма на соѕвездија.
Минималистичките ѕидови се изработени од зајакнат бетон и тули од цемент. Доминантната сива боја на градбите е докомплетирана со метални врати, прозорци, огради и скали со црна боја.