Во Шведска 40 проценти од децата на двегодишна возраст користат интернет, покажа истражувањето на „Швеѓани и интернет 2012“ која се спроведува во оваа скандинавска земја уште од 2000-та година.
– Децата уште од најрана возраст користат интернет, а во 2012 година тоа го прават половина од децата на тригодишна возраст и 40 отсто од децата на двегодишна возраст, се истакнува во извештајот.
Особено се работи за игри и видео записи, изјави авторот на извештајот Јане Елвелид, додавајќи дека „на овој или оној начин родителите секогаш се вмешани во тоа“.
– Кога пред 17 години интернетот влезе во нашите домови, за него не покажуваа интерес ниту младите ниту децата. Беше потребно десет години да допре до предучилишна возраст. Денеска младите се „најповрзани“, стои во извештајот.
Во тој контекст, многу од тоа што децата порано го работеле е дискредитирано во корист на Интеретот, рече Елвелид.
– Кога мало дете игра со таблет, постои друга интерактивност од онаа кога некој му чита книга, наведе тој и додаде дека не постои истражување за користење на интернет меѓу најмладите деца.
Шведска отиде предалеку кога станува збор за пристапот на Интернет, дека децата се раѓаат во посебна конектирана средина, заклучи Елвелилд.