Ѓоковиќ преплаши собирачка на топчиња на Вимблдон

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера во попладневните часови извојува победа во дводневниот меч против Кевин Андерсон на Вимблдон.

Но, се чини дека мечот со многу прекини, негативно влијаеше на нервите на првиот играч во светот, кој својот гнев и овој пат го насочи кон децата кои ги собираат топчиња. Имено, пред неколку месеци Новак му се развика на едно од момчињата што ги собираа топчињата, по што се извинуваше, а вчера жртва на неговиот гнев беше тинејџерка на која и „подвикна“ да му додаде крпа.

„Дејли Мејл“ пишува дека девојката се преплашила кога и се развикал Ѓоковиќ и едвај се воздржала да не заплаче.

– Беше оддалечен еден метар од неа и во полн налет, бев многу шокиран. Таа мораше да остане на теренот потоа, а и целата се тресеше, изјави еден од гледачите за „Дејли Мејл“.

Кога по мечот го прашале за испадот, Ѓоковиќ изјави дека тоа било резултата на „многу интензивниот петти сет“.

– Исфрлив се што имав, не на некој друг, туку на себе. Гледав кон ложата, но си зборував сам со себе, емоциите се присутни. Поминуваш подеми и падови… Се обидував да се мотивирам. Понекогаш е добро да се развикаш и да пуштиш се да излезе надвор, така функционирам. Многу ми е жал. Не беше наменето за неа. Можеби се уплашила од моето викање. Многу и бев близу. Ќе се обидам да се извинам ако направив нешто што не треба, изјави Новак.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров